Македонските тениски надежи со сите трофеи на Источно Европскиот шампионат во Анталија!

Македонската јуниорска тениска репрезентација до 14. години успешно го заврши настапот на ИТФ/ТЕ Источно Европскиот шампионат во Анталија (Турција).

Нашата селекција ги освои сите можни трофеи во сингл конкуренцијата и двојки, кај момчињата во поединеча конкуренција триумфираше Калин Ивановски кој воедно беше и прв носител на турнирот.

Ивановски со титула се закити и во двојки, заедно со Борис Мркев, каде што исто така беше прв носител на ова натпреварување.

Кај девојчињата првата носителка Александра Симева ја оправа фаворитската улога во сингл, а истото го направи и во дубл заедно со нејзината сонародничка Јана Стојанова.

Сингл
Финале
Калин Ивановски (1)-Максим Казак (Молдавија) 6:0, 6:1

Двојки
Финале
Калин Ивановски (1)/Борис Мркев-Михаил Бровинсчи (2, Молдавија)/Максим Казак (Молдавија) 6:4, 4:6, 10:8

Сингл
Финале
Александра Симева (1)-Јана Стојанова (2) 6:1, 6:4

Двојки
Финале
Александра Симева (1)/Јана Стојанова-Бојана Никчевиќ (2, Црна Гора)/Дивна Ратковиќ (Црна Гора) 1:6, 6:1, 10:8

Освен од Македонија, натпреварувачи имаше уште од Турција, Ерменија, Азербејџан, Молдавија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Грузија, Бугарија и Црна Гора.