Македонските најдобри тенисери водат со 2:0 против Исланд во Дејвис купот

Македонската тениска репрезентација ги започна Дејвис Куп натпреварите од Третата Европска сезона во Пловдив (Бугарија).

Во рамките од групата А нашата селекција започна со две победи на стартот против Исланд, најпрвин водство донесе Горазд Србљак убедливо против Егил Сигурдсон со резултат 6:0 и 6:2.

Во сличен стил предноста на Македонија против Исланд ја зголеми Димитар Грабул славејќи со 6:2 и 6:3 против Биркир Гунарсон.

За максимална победа од 3:0 ќе се обидат да комплетираат Ѓорѓи Јанкуловски и Стефан Мицов во дубл против Антон Магнусон и Егил Сигурдсон.

Да потсетиме в четврток во второто коло Македонија ќе игра против Албанија која веќе загуби од Бугарија сп 3:0, а со домаќинот ќе се сретнеме во третото коло в петок.

Во зависност од пласманот во групата, во сабота 07.04.2018 година, Македонија ќе разигрува или за пласман во Втора Евроафриканска Зона или за пласман за место.