Македонските најдобри тенисери ги добија противниците во Дејвис купот

Македонската Дејвис Куп репрезентација во Пловдив (Бугарија) ќе настапува на Дејвис Куп натпреварите од Третата Европска Група.

Без најдобро рангираниот тенисер Томислав Јотовски, оваа година Македонија ќе ја претставуваат: Горазд Србљак, Димитар Грабул, Стефан Мицов и Ѓорѓи Јанкуловски

Селектор и капитен е Чедомир Јовановски, додека помошник тренер на тениската селекција е Владимир Томиќ.

Денеска на состанокот на капитените беа извлечени групите, нашата репрезентација ќе игра против домаќинот Бугарија, Исланд и Албанија.

Како што е најавено утре на стартот во првото коло ќе се сретнат македонските тенисери против Исланѓаните.

Со натпревари се започнува од среда и до петок ќе се играат трите натпревари по групи, а во сабота се игра финалниот натпревар за пласман во 2 Евро Африканска Зона и натпреварите за разигрување за пласман.

Победникот од натпреварите од Пловдив и победникот од натпреварите од Улцињ ќе се пласираат во група погоре.

Македонската репрезентација во периодот од 26,03, до 01,04,2018 година имаше подготовки на терените на Тенискиот клуб Југ-Скопје.

Фото: bgtennis.bg