Македонските хокеари во возбудлив натпревар подобри од БиХ

Во пријателски меч хокеарската репрезентација на Македонија во Олимписката сака Зетра (Сараево) ја совлада Босна и Херцеговина со резултат 8:7.

Нашите хокеари подобро го отвориле натпреварот и после првата третина имале предност од 3:1. Потоа, продолжија со својата доминација и во еден момент имале дури четири голови предност.

Возвратија Босанците така што се вратија во последната третина кога се доближија на само минус еден. Се обидуваа противниците да израмнат, но не дозволија македонските хокеари кои ќе имаат уште еден пријателски натпревар против БиХ в недела (21. јануари).

Пријателски натпревар
Македонија-Босна и Херцеговина 8-7 (по третини 3-1,3-2,2-4)

Стрелци за Македонија: Давор Анастасов четири гола, Стефан Децковски два, Кристијан Ташевски и Дмитриj Прокудин по еден.