Македонскиот пливачки клуб „Бета“ со медали од Париз и Софија (ФОТО)

Изминатиот викенд пливачите на македонскиот клуб „Бета“ имаа настапи во три држави и тоа:

Пливачката Флоренс Герет настапи на Европското првенство за лица со Даунов синдром во Париз (Франција) каде стана европски шампион, односно освои златен медал во дисциплината 50 метри грбно, сребрен медал во дисциплината 100 метри грбно и бронзен медал во штафета каде ја претставуваше нејзината земја Велика Британија.

Пливачите кои настапија на меѓународан натпревар во Софија (Бугарија) освоија шест златни медали и еден бронзен и тоа Јован Јанковски кој освои по еден златен и еден бронзен медал.

Потоа, Ива Китановиќ еден златен медал каде постави и нов рекорд во дисциплината 50 метри грбно со време 38,60 секунди, Миа Блажевска Еминова четири златни медали исто така си нов рекорд во дисциплината 50 метри слободно со време 28,53 секунди и воедно освои пехар за најдобар пливач во нејзината категорија.

Додека пак натпреварувачите кои настапија на пливачкиот натпревар во Зрењанин (Србија) успеаја да се изборат за финалиња во своите трки.