Македонскиот нордиец Јада првопласиран на ФИС натпреварот во Грција

Македонскиот скијач оствари нов голем резултат на меѓународната сцена…

Ставре Јада на ФИС натпреварот во Мечово (Грција) на трката од 5 километри го освои првото место.

Севкупно нашиот натпреварувач обезбеди 76 фис поени и на тој начин потврди дека неговата форма е на највисоко ниво пред 55. Мавровски меморијал.

Имаше најдобро време од 12:09.2, пред грчките натпреварвачи Апостолос Ангелис (12:16.8) и Клеантис Карамихас (13:20.7), додека шестопласиран заврши Дарко Крстевски (14:46.6 мин.)