Македонија започнува против Косово во новата „Сребрена Европска лига“!

Познат е распоредот на натпревари за новото издание во Европската лига…

Односно, според ЦЕВ натпреварувањето нема повеќе да се нарекува „Европска лига“, туку „Сребрена Европска лига“.

Потсетување, неодамна македонската машка сениорска одбојкарска репрезентација ги доби ривалите, тие се Австрија, Летонија и Косово.

Како што известуваат од Одбојкарската федерација на Македонија првиот меч нашите репрезентативци ќе го имаат на 20. мај 2018 год. на домашен терен против Косово.

Распоред на натпревари, (група А):

20. мај 2018 год. Македонија-Косово
23. мај 2018 год. Летонија-Македонија
26/27. мај 2018 год. Македонија-Австрија
30. мај 2018 год. Австрија-Македонија
2/3 јуни 2018 год. Македонија-Летонија
6. јуни 2018 год. Косово-Македонија

Во другата група Б се наоѓаат селекциите на Белорусија, Хрватска, Унгарија и Албанија.