Македонија за прв пат со свој тим во европскиот ТЦР шампионат

Оваа сезона во европскиот TCR шампионат помеѓу тимовите ќе се најде и македонскиот ПСС Рејсинг Тим (PSS Racing Team) за прв пат од нашата земја во ова автомобилско натпреварување.

Македонија ќе биде претставува од Виктор Давидовски, а како што пренесува „tcr-series.com, тој ќе вози Хонда Сивик (Honda Civic FK7 TCR).

Со бројни трофеи од шампионатите во Македонија и Србија, неговиот прв настап во TCR автомобил го имаше минатата година во „СЕАТ Леон“.

Многу сум горд и ќе ми биде чест што ќе бидам првиот возач од Република Македонија во TCR Europe Series. Мојот тим и јас сме желни да се натпреваруваме заедно со сите други големи возачи и ги покажеме нашите најдобри перформанси!

Бидејќи ова е нашата прва сезона во TCR, очекуваме дека ќе биде тешко. Но, ние ќе се фокусираме на прикажување на нашиот потенцијал и ќе ја искористиме оваа можност за да стекнеме повеќе искуство“, рече Давидовски.

Сезоната ќе започне на 6. мај во Франција во Ле-Кастеле, а ќе заврши на 21. октомври 2018 год. во Шпанија, односно Каталуња.

Фото: tcr-series.com