Македонија за прв пат ќе учествува на меѓународни светски натпревари по ритмика

Како што официјално пренесуваат од Федерцијата на гимнастичките спортови на Македонија предводена од претседателот Љупчо Арнаудов…

На барање на клубот по ритмичка гимнастика – Ритмико од Скопје, членка на ФГСРМ се обрати со барање да се издејствува лиценца по ФИГ за право на настап на меѓународни и светски натпреварувања.

Како член на Ритмико се јавува Рејчел – Антонет Стојанов со државјанство Македонско од Охрид. Фиг и одобри лиценца на федерацијата под број: 00042947.

За прв пат Македонија ќе учествува на натпревари по ритмика во меѓународни и светски натпревари, првиот натпревар е во Москва за квалификации за Олимпијада на 14 Февруари, а ако се квалификува ќе учествува на Олимпијадата во Аргентина.