Македонија со три златни медали на џиу-џица турнирот „Марибор Опен 2018“ (ФОТО)

Нов настап на меѓународната сцена и повторно се освоени медали на џиу-џица турнирите…

Македонските натпреварувачи овојпат учествуваа на „MARIBOR OPEN – ROBI RAJH 2018“ во Словенија.

Како што известуваат од Македонската Џиу Џица Федерација од овој турнир нашите борци се враќаат задоволни со постигнатите резултати.

Во многу силни борби медали успеаја да освојат:

-Дарко Стојановски (златен медал)
-Катерина Ацевска (златен медал)
-Јаким Колевски (златен медал)
-Зоран Колевски (сребрен медал)
-Филип Денков (сребрен медал)
-Данил Николиски (сребрен медал)
-Калин Кирковски (бронзен медал)
-Стефан Донев (бронзен медал)

Неколку наши борци не успеаја да дојдат до едно од првте три места поради тешки борби и многу борци во нивните категории.

Да додадеме уште дека во „ЈАДРАНСКАТА ЏУ ЏИТСУ ЛИГА“, тимот на „ОСЕНСЕИ БАЛЕКС“ забележа една победа против тимот на Панда од Херцег Нови и два порази од НиФ Алексинац и АДК Марибор. За тимот настапија Александар Илиевски, Христијан Јованов, Виктор Велинов и Кирил Иванов.

Фото: facebook.com/Македонска-Џиу-Џица-Федерација