Македонија со три медали на џиу-џица турнирот во Словенија (ФОТО)

Македонија на меѓународниот џиу-џица турнир во Словенија настапи со тројца натпреварувачи…

Нашата земја ја претставуваа Јаким Колевски, Зоран Колевски и Катерина Ацевска и сите освоија медали.

Ацевска освои сребрен медал со пораз во последните секунди, „златна“ беше словенечката претставничка Пиа Дробне.

Потоа, Зоран Колевски дојде до златниот медал, а Јаким Колевски стигна до бронза, за издвојување е неговата фантастична победа од дури 50:0 против борец од Хрватска.

На тој начин продолжуваат успешните резултати на нашите натпреварувачи на меѓународната сцена, а да додадеме уште дека во соработка меѓу Европската и македонската Џиу-Џица Федерација на 4. ноември (сабота) со почеток од 10:00 часот во салата „Македонско Сонце“ во населбата Пролет ќе започне осмиот меѓународен турнир „Скопје Опен 2017“ во џиу-џица борби, дуо систем и не ваза.

Освен од Македонија, најавени се борци уште Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Република Српска, Хрватска, Словенија, Турција, Бугарија и Германија.