Македонија со победа го заврши учеството во Фед Купот

Најдобрите наши тенисерки со триумф го завршија годинешниот настап во Третата Евро Африканска зона…

Македонија денеска во борбата за петтото место со резултат 2:1 успеа да ја совлада селекцијата на Алжир.

Најпрвин на првиот меч поведе противникот со победата на Јасамин Буџаџи против Јана Таневска со 6:3, 1:6 и 2:6.

Во вториот сингл дуел при резултат 6:3 за Ана Ристевска, службено триумфираше нашата претставничка, откако се предаде Амира Бенаиса.

Службена победа имаше Македонија и во двојки, при водство од 6:2 и 4:0 на Катарина Маринковиќ и Марија Еленова, се предадоа Јасамин Буџаџи и Амира Бенаиса.

И во следната година нашата женска тениска репрезентација ќе игра во Третата Евро Африканска зона, да потсетиме, во рамките од групната фаза претрпе два порази од Ерменија (0:3) и Литванија (0:3), а триумфираше со 2:1 над Исланд.