Македонија со бронзен медал на Светското првенство во самбо

Како што официјално пренесува Самбо федерацијата на Македонија остварен е досега најголемиот успех на меѓународната сцена.

Освоено е третото место на Светското првенство во самбо одржано во Солун (Грција) благодарение на Ердал Факиќ во категоријата над 100 килограми за возрасни од 41-45 години.

Потсетување, дека овој спорт „самбо“ е боречка вештина каде што поврзуваат традиционални, народни, боречки вештини, еден микс на борење, џудо и џиу џицу.