Македонија со 11 медали на Светското Шотокан првенство во Истанбул

Македонската шотокан репрезентација освои 11 медали на Светското првенство во Истанбул, Турција.

Нашите натпреварувачи (SHOTOKAN KARATE-DO ACADEMY OF MACEDONIA) се закитија со вкупно три златни, по четири сребрени и бронзени медали, што ја сместува нашата селекција на седмото место.

На овој настан учествуваа 34 земји со над 1.300 натпреварувачи, најмногу медали на ова СП имаше Азербејџан, точно 100 од кои 40 златни, 26 сребрени и 34 бронзени.

Златен медал
-SKA MACEDONIA (Анастасов, Пенџерковски, Смилевски) ката тим 10-11 години
-Матео Причков, кадети, ката индивидуално
-SKA MACEDONIA (Димитрова, Луковска, Петрушевска) ката тим 12-13 години

Сребрен медал
-Зоран Смилевски, ката индивидуално, 10-11 години
-SKA MACEDONIA (Христовски, Јакуповски, Петковски), ката тим 8-9 години
-SKA MACEDONIA (Димоска, Милановска, Смилевска), кадетки, тим ката
-SKA MACEDONIA (Даниловски), јуниори, ката тим

Бронзен медал
-SKA MACEDONIA (Гроздановски, Јакимовски, Величковски), тим ката 10-11 години
-Марин Пенџеровски, ката индивидуално 10-11 години
-Теодор Чуриќ, ката индивидуално 6-7 години
-Андреј Анастасов, кадети, ката индивидуално