Македонија останува во третата европска зона, пораз во решавачкиот меч од Бугарија

После двете победи над Исланд (2:1) и Албанија (3:0) во групата А од Дејвис купот која што се одржува во Пловдив (Бугарија)…

Денеска македонската тениска репрезентација го имаше решавачкиот натпревар за првото место во кој домаќинот беше подобар со максимален резултат 3:0.

Најпрвин на стартот загуби Горазд Србљак од Александер Лазов (6:1, 6:1), потоа двапати со 6:2 пораз претрпе Димитар Грабул од Димитар Кузманов.

Во двојки Грабул и Србљак исто така беа надиграни од Кузманов и неговиот репрезентативен колега Васко Младенов (6:4, 6:3).

На тој начин и во следната година нашите најдобри тенисери ќе учествуваат во Третата европска група од натпреварувањето.