Македонија ќе настапи со 30 каратисти на Светското првенство во Тенерифе

Денеска во просториите на Агенцијата за млади и спорт (АМС) се одржа прес-конференција по повод заминувањето на македонската карате репрезентација на Светското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори (У 21) кое ќе се одржи во период од 25-29 октомври оваа година во Тенерифе (Шпанија).

На прес конференцијата свое обраќање имаше директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски кој истакна дека АМС на каратистите им дава голема поддршка, особено ако се знае дека овој спорт е еден од најтрофејните спортови кои носи многу медали за Македонија и воедно додаде дека очекува високи резултати од каратистите.

Агенцијата за млади и спорт го поддржува каратето, а тоа како АМС го потврдуваме и со финансиската поддршка која ја овозможивме на нашите каратисти на ова Светско првенство.

Каратето е еден од нашите најуспешни спортови, а со континуирана поддршка и стимул на младите каратисти сакаме дополнително да ги мотивираме, да донесат медали од Тенерифе и да ја претстават Република Македонија во најдобро можно светло.

Убеден сум дека овие млади надежи се подготвени за големи резултати, а домашната спортска јавност со нетрпение ги очекува нивните настапи“, изјави Каевски.

На прес-конференцијата се обрати и стручниот штаб на карате репрезентацијата во состав Стојан Андриевски, Арлинд Хусеини и Александар Кузмановски. Тие во едно беа согласни, а тоа е дека репрезентацијата е спремна и сите заедно очекуваат висок пласман.

Припремите ги одработивме на посакуваното ниво, немавме повредени репрезентативци, а со тоа слободно можеме да кажеме дека ќе одиме на висок пласман.

Репрезентативците се подготвени, очекуваме да настапат со нивниот борбен дух и нивната енергичност, а на крај да го крунисаат нивниот настап и да ја израдуваме македонската јавност и во Македонија да се вратиме со освоени медали“, изјавија селекторите на македонската карате репрезентација.

Македонската карате репрезентација во Тенерифе ќе настапи во следниот состав:

– Владанка Аврамова – ката (кад)
– Александар Неделковски – ката (кад)
– Киријана Камческа – ката (јун)
– Маријана Димоска – ката (У21)
– Марија Милева – до 47кг. (кад)

– Дритон Халими – до 52кг. (кад)
– Марио Свинарски- до 57кг. (кад)
– Христијан Стојановски – до 63кг. (кад)
– Иво Мишачовски – до 70кг. (кад)
– Драгана Манговска – до 53кг. (јун)

– Вјолца Гафури – до 59кг. (јун)
– Симона Симовска – над 59кг. (јун)
– Столе Смилковски – до 55кг. (јун)
– Фахик Весели – до 61кг. (јун)
– Роберто Ацковски – до 68кг. (јун)

– Филип Несторовски – до 76кг. (јун)
– Вегим Мурати – над 76кг. (јун)
– Моника Пендаровска – до 55кг. (У21)
– Вероника Костовска – до 61 кг. (У21)
– Ангела Мојсовска – до 67кг. (У21)

– Давид Петков – до 60кг. (У21)
– Димитар Илиевски – до 67кг. (У21)
– Петар Заборски – до 75кг. (У21)
– Петар Спасеновски – до 84кг. (У21)
– Семир Ќосовиќ – над 84кг. (У21)

– Јован Васиќ – ката
– Христијан Димитријевски – ката
– Георги Бановски – ката
– Ивона Муфтарова – ката
– Миа Маневска – ката