Македонија ја оствари првата победа во Фед Купот

Денеска македонската Фед Куп женска тениска репрезентација (ранг 75) го обезбеди првиот триумф во Гамарт (Тунис).

После поразот на стартот од Ерменија (0:3), во рамките од Третата Евро Африканска зона нашите најдобри тенисерки дојдоа до првиот триумф во групата А против Исланд (ранг 103).

Во првиот меч Марија Еленова со резултат 2:0 по сетови 6:2 и 6:1 ја совлада Софија Солеј Јонасдотир, а во вториот Катарина Маринковиќ со 6:4 и 6:2 беше подобра од Ана Софија Гронхолм.

Утре (петок, 20. април) нашата репрезентација ќе игра против Литванија (ранг 65) која досега оствари две максимални победи над Ерменија (3:0) и Исланд (3:0).