Македонија има европски шампион во таеквондо

На Европското првенство во таеквондо во Софија (Бугарија), македонскиот натпреварувач Дејан Георгиевски во олимписката категорија над 80 кгр. го освои златниот медал и стана Европски шампион.
Нашиот борец во првото коло го совлада Италијанецот Матео Милани, во второто Сердар Јуксел од Турција. Во четвртфиналето беше подобар од Чем Унлусој (Германија), а во полуфиналето од Михајло Шелест (Украина).

Следуваше големото финале и одлична борба на Георгиевски против Русинот Јури Кириченко по што се искачи на врвот на Европското Таеквондо.

Колку за потсетување, Георгиевски оваа година го освои „Софија Опен“ (4-5 Март 2017), а на Светското Првенство во Сеул, Јужна Кореа го освои 33-то место.

На ранг листата на Светската Таеквондо Федерација тој е на 120-то место, но сигурно после оваа Европска титула ќе следи голем напредок, со што ќе биде и многу поблиску до исполнување на сонот и учество на Летните Олимписки игри ТОКИО 2020.