Македонија има европски шампион во брзински мотоциклизам

Во Серез, Грција, на програмата беше завршната трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Македонија има европски шампион и двајца вицешампиони, во класата Ф1000 Слободан Ивчески иако не беше на пиедесталот на последната делница го освои првото место во генералниот пласман со 151 бод, додека второпласиран е нашиот Игор Спиров со 129.

Исто така, европска вицешампионска титула има и Христијан Бузалковски во класата СП125. Бузалковски и Спиров се членови на Ендуро тимот-Водно Скопје.

Оваа сезона е прва за нашиот клуб и ветуваме дека тука нема да застанеме. Овие резултати се мотив за следната сезона да бидеме уште посилни и како тим да настапиме со уште повеќе возачи.

Огромна благодарност до Христијан Бузалковски и Игор Спиров кои покрај сите проблеми и тешки услови успеаа да ги извозат сите трки и заслужено да ги донесат пехарите дома“, пренесуваат од „Ендуро Тим Водно Скопје“.