Македонија домаќин на ф4 турнирот во Европската Сребрена лига!

Одбојкарската федерација на Македонија информираше дека организацијата на завршницата од натпреварувањето ќе се одржи во Скопје.

Нашата земја ќе биде домаќин на Фајнл-фор турнирот од „ЦЕВ Европската Сребрена лига“ во периодот од 15-16 јуни 2018 год.

Ова е можеби најголемата шанса нашите најдобри одбојкари конечно да се закитат со златниот медал на ова натпреварување.

Во последните три години Македонија го освојуваше сребрениот медал, додека со бронза се закити во 2014. година.

На патот до Ф4 турнирот нашата селекција ќе треба да освои една од првите две позиции во групата А каде што се наоѓаат уште Летонија, Австрија и Косово.

Во другата група Б ќе се натпреваруваат селекциите на Белорусија, Хрватска, Унгарија и Албанија. Победникот на Ф4 турнирот во Скопје ќе учествува следната 2019. година во „Златната Европска лига“.