Лондон, ждрепка: Надал во групата „Пит Сампрас“, Федерер во „Борис Бекер“

Со ждрепка во Лондон одреден е составот на групите за завршниот Мастерс кој е на програмата од 12. до 19. ноември.

Најдобро рангираниот тенисер на светот Шпанецот Рафаел Надал на Завршниот турнир оваа сезона во Лондон ќе игра во групата „Пит Сампрас“ со Австриецот Доминик Тим, потоа Бугаринот Григор Димитров и Белгиецот Давид Гофан.

Вториот тенисер на светот Роџер Федерер од Швајцарија е во групата „Борис Бекер“ заедно со Александар Зверев (Германија), Марин Чилиќ (Хрватска) и Џек Сок (САД).

Двајцата најдобри тенисери од двете групи ќе се пласираат во полуфиналето. Да потсетиме, минатата година трофејот го освои Британецот Енди Мареј.