Квалификантка ја елиминираше Вилијамс во Мајами (ВИДЕО)

Неверојатен резултат оствари младата Американка на Флорида…

Даниел Роуз Колинс ја совлада својата сонародничка Венус Вилијамс со резултат 2:0 по сетови 6:2 и 6:3.

Новата 24-годишната тениска сензациа успеа да помине три квалификациски кола и сега стигна до полуфиналето на Мастерс турнирот во Мајами (САД).

За пласман во големото финале ќе игра против шестата носителка од Летонија, Јелена Остапенко која двапати со 7:6 ја „исфрли“ Украинката Елина Свитолина.

Во второто полуфинале, 13. носителка Американката Слоан Стивенс ќе ги одмери силите со Белорусинката Викторија Азаренка која настапува во Мајами со „вајлд-кард“.