„Крал на земјата“: Со 400 победа до ново финале во Барселона! (ВИДЕО)

Шпанскиот тенисер продолжува да докажува зошто е навистина „крал“ на земјата…

Денеска Рафаел Надал во полуфиналето на турнирот во Барселона со резултат 2:0 по сетови 6:4 и 6:0 го елиминираше Давид Гофан од Белгија.

За популарниот Рафа ова беше јубилејната 400. победа на земјена подлога и 44-ти по ред освоен сет. За 11. трофеј во Барселона ќе игра против грчкиот натпреварувач Стефанос Циципас.