Кој е најдобриот тенисер, а кој му е најтешкиот ривал на Надал?

Светскиот рекет број еден Рафаел Надал признал дека технички најтешко му е секогаш да игра против Новак Ѓоковиќ.

Од друга страна според шпанскиот тенисер најдобар во историјата на овој спорт. Рафа кој против Србинот има негативен биланс (24-26), изјави дека Ноле бил на врвот на кариерата, бил убеден дека не може да го победи.

Федерер е најдобар тенисер во историјата…Дали и најдобар против кого сум играл? Не знам, можеби, тоа го докажуваат неговите титули, но на техничко ниво, кога Ѓоковиќ остваруваше најдобри резултати, имав чувство како да играм против непобедлив“, рече Надал, а пренесува „Еуроспорт“.

Надал оваа 2017 година ја заврши како првопласиран на АТП ранг листата, ги освои Грен слем турнирите „Ролан Гарос“ и „УС Опен“ и со 16 Грен слем титули се наоѓа само на три од рекордерот Федерер, додека Ѓоковиќ заврши како 12-ти поради повредата и пауза од јули.

Надал се пријави за учество на егзибицискиот турнир во Абу Даби, каде што ќе партиципира и Ѓоковиќ, а во новата сезона пред „Австралија Опен“ ќе игра само во Бризбејн.