Клубот „Тигри“ со 10 медали на меѓународниот таеквондо натпревар „Скопје Опен“

Огромен успех на Таеквондо Клубот Тигри-Скопје на меѓународниот натпревар 5ти Скопје Опен што се одржа на 21.04.2018 во СРЦ Кале.

Тигрите учествуваа со само 14 натпреварувачи (12 во најсилната А класа) и освоија 5 златни, 2 сребрени и 3 бронзени медали. Во конкуренција на 38 клубови со 530 натпреварувачи од 7 земји, клубот го зазема високото 3 место во конкуренција на кадети/кадетки А класа (12-14г) веднаш зад клубот Гладијатор од Дупница, Бугарија и Тим Ниш од Србија а пред сите македонски клубови и 4 место во конкуренција јуниори/јуниорки А класа (15-18г), каде за само 1 поен не го освоивме 3 местото и уште еден клубски пехар.

Во Јуниорска А класа конкуренција учествуваа:

Мила Рељиќ (-68кг) – златен медал
Ања Пејиќ (-63кг) – сребрен медал
Александар Петровски (-59кг) – бронзен медал
Ѓорѓи Настески (-68кг)

Во Кадетска А класа конкуренција учествуваа:

Андреј Кузевски (-61кг) – златен медал
Дарко Стевковски (-57кг) – златен медал
Михаило Рељиќ (-57кг) – сребрен медал
Александра Крстиќ (-51кг) – бронзен медал
Андреа Крстиќ (-37кг) – бронзен медал
Виктор Петковски (-45кг)
Марко Лазаревски (-33кг)
Лука Давиктов (-33кг)

Во второрангиранта Б класа клубот настапи со 2 свои натпреварувачи:

Милена Блажевска (кадетки – 44кг) – златен медал
Петар Ивановски (кадети +65кг) – златен медал

И во оваа категорија клубот заврши на високата 2 позиција, имено Петар ги декласираше сите 3 противници со технички нокаути уште во првата рунда со повеќе од 20 поени разлика.

Со овие резултати клубот докажа дека е најдобар клуб за кадети на Скопје Опен од Македонија, каде без било каква финансиска помош од Македонската Таеквондо Федерација и Агенцијата за Млади и Спорт, клубот прави одлични резултати и на меѓународно ниво. Имено на последните 2 рангирања (декември 2017 и март 2018) клубот не беше рангиран во првите 5 најдобри клуба и не доби никаква финансиска или било каква помош за развој на Таеквондо спортот во Македонија. Тренерите Ефтимов и Каранфиловски, а пред се, родителите на децата се надеваат дека во иднина ќе се овозможи наши членови да учествуваат во националниот тим за Мултиевропските игри на почетокот на Јуни што ќе се одржат во Бугарија и пред се за Медитеранските Игри на крајот на Јули месец во Шпанија“, пренесува официјалниот веб сајт на Таеквондо Клубот „Тигри“ – Скопје.

Фото: taekwondotigri.mk