Класата е вечна: Федерер се враќа на врвот на АТП ранг листата! (ФОТО, ВИДЕО)

Швајцарскиот тенисер со пласманот во полуфиналето на турнирот во Ротердам ја презема челната позиција на АТП листата од Рафаел Надал и стана најстар играч на врвот.

Роџер Федерер го совлада домашниот холандски натпреварувач Робин Хасе со конечен резултат 2:1 по сетови 4:6, 6:1 и 6:1.

Со тој триумф Швајцарецот се врати на првото место на АТП листата после скоро пет и пол години преземајќи го од Надал.

Последен пат на врвот беше во октомври 2012 год., а официјално од понеделник воедно ќе го смени и легендарниот Андре Агаси кој во септември 2003 год. кога го презеде тронот имаше 33. години и 13 дена. Од друга страна, Федерер е повозрасен, односно ќе биде на првото место со 36 години и 194 дена.

Ќе ја започне 303. недела на АТП листата и од тој аспект е исто така рекордер.