Јотовски во двојки обезбеди четвртфинале на „Хамамет Опен“

Нов триумф за македонскиот тенисер на главниот турнир во Тунис (15.000 долари)…

На „Хамамет Опен“ Томислав Јотовски во првото коло во двојки заедно со Србинот Милош Николиќ со 6:1 и 7:5 беа подобри од Шпанците Варона и Луке.

За пласман во полуфиналето ќе играат против првите носители на натпреварувањето, Италијанците Марко Бортолоти и Јулиан Оклепо кои на стартот ги совладаа своите сонародници Трокер и Вејс (6:2, 6:0).