Јотовски во четвртфиналето на турнирот во Тунис

Успешен старт на македонскиот тенисер на „Хамамет Опен“ (15.000 долари)…

Денеска Томислав Јотовски во првото коло во двојки заедно со Црногорецот Резарт Цунгу со резултат 4:6, 6:3, 10:7 беа подобри од Џабор Ал-Мутава (Катар) и Габи Адриан Бојтан (Романија).

За пласман во полуфиналето ќе играат против Стивен Диез (Канада) и Бруно Мардонес (Шпанија) кои ги елиминираа првите носители Александр Милер (Франција) и Нино Сердарушиќ (Хрватска) со 1:6, 6:3, 11:9.

Јотовски ќе настапи и во сингл конкуренцијата, како квалификант во првото коло ќе се соочи со четвртиот носител Жерар Гранољерс-Пујол.