Јотовски успешно стартуваше во Тунис

На „Хамамет Опен“ (15.000 долари) успешен старт имаше Томислав Јотовски.

Во првото коло од сингл конкуренцијата македонскиот тенисер го совлада Тунижанецот Азиз Уака („вајлд-кард“) со резултат 2:0 по сетови 6:4 и 6:4 за еден час и 40. минути игра.

Во второто коло нашиот претставник ќе се соочи со подобриот од дуелот Мохамед Али Белалуна (Тунис, „вајлд-кард“) и Милош Николиќ (Србија, квалификант).

Јотовски токму со Николиќ ќе настапи и двојки, на стартот ќе се соочат со Шпанците кои зедоа учество со „вајлд-кард“, Николас Алварез Варона и Рафаел Изкердо Луке.