Јотовски со пораз го заврши настапот во Италија

На турнирот во Санта Маргерита Ди Пула во Италија (25.000 долари) елиминиција доживеа најдобриот македонски тенисер.

Денеска во двојки во четвртфиналето Томислав Јотовски заедно со Италијанецот Ерик Крепалди со резултат 6:2 и 6:1 за 47. минути игра загубија од италијанско-шведската комбинација Раул Бранкацио и Николас Драгос Мадарас.

Претходно во сингл конкуренцијата Јотовски на истиот турнир убедливо со 6:0 и 6:1 беше совладан од Италијанецот Андреа Вавасори.