Јотовски со половичен успех денеска на турнирот во Тунис

Најдобриот македонски тенисер имаше нови настапи на „Хамамет Опен“ турнирот во Тунис (15.000 долари).

Томислав Јотовски поединечно како осми носител се пласираше во четвртфиналето, откако во второто коло со 6:2 и 6:3 го елиминираше домашниот натпреварувачк Мохамед Али Белалуна („вајлд-кард“).

За пласман помеѓу најдобрите четири во сингл натпреварувањето ќе игра против Шпанецот Серхи Перез Контри.

Во двојки Јотовски не успеа заедно со Србинот Милош Николиќ да се најдат во полуфиналето, загубија од првите носители, Италијанците Марко Бортолоти и Јулиан Оклепо со 7:6 (3) и 6:4.