Јотовски обезбеди четвртфинале на турнирот „Хамамет Опен“ во Тунис

Македонскиот тенисер учествува на уште еден турнир „Хамамет Опен“ во Тунис за награден фонд од 15.000 долари.

Денеска во првото коло во двојки заедно со Хрватот Дује Кекез со резултат 2:0 по сетови 6:2 и 7:5 за еден час и осум минути игра беа подобри од италијанско-британската комбинација Данте Џенаро/Самуел Поинтон.

За пласман во полуфиналето на турнирот, Јотовски и Кекез ќе играат против првите носители од Аргентија, Хернан Казанова и Томас Пучес Липовсек кои на стартот ги елиминираа Италијанците Гвилјано Бенедети и Андреа Безире со 6:1 и 6:3 за 47. минути игра на теренот.