Јотовски ќе се бори за полуфинале во Анталија

Најдобриот македонски тенисер продолжува успешно на главниот турнир во Турција (15.000 долари).

Денеска во рамките од второто коло во Анталија во сингл конкуренцијата седмиот носител Томислав Јотовски со резултат 2:0 по сетови 6:1 и 6:1 за еден час и 10. минути игра го совлада квалификантот од Италија, Мориц Трокер.

За пласман во полуфиналето нашиот натпреварувач ќе игра против Французинот Лорен Рошет кој со 6:1 и 6:3 кој, пак, го елиминираше Невен Кривокуца од Хрватска.