Јотовски елиминиран на стартот во Тунис

Најдоброрангираниот македонски тенисер на АТП листата е поразен во првото коло на главниот турнир „Хамамет Опен“.

Во Тунис (15.000 долари) Томислав Јотовски како шести носител во сингл конкуренцијата денеска загуби на стартот од Французинот Лорен Рошет со резултат 2:0 по сетови 6:1 и 6:2 за еден час и 15. минути игра.

За нашиот играч останува настапот во двојки, заедно со Србинот како четврти носители на турнирот во првото коло треба да ги одмерат силите против босанско-руската двојка Дарко Бојановиќ/Андреј Чепелев.