Јотовски брзо го заврши настапот на новиот турнир во Тунис

Најдобриот македонски тенисер за краток период е елиминиран на „Хамамет Опен“ (15.000 долари).

Томислав Јотовски на своето ново учество на главниот турнир во Тунис (Tunisia F2 Futures) после елиминацијата во двојки, го заврши и настапот во сингл конкуренцијата.

Во првото коло нашиот натпреварувач загуби од италијанскиот претставник Николо Турчети со резултат 2:1 по сетови 4:6, 7:5 и 3:6 за скоро три часа игра.