Јотовски без четвртфинале на турнирот во Тунис

Најдобриот македонски тенисер не се пласираше во четвртфиналето на „Хамамет Опен“ за награден фонд од 15.000 долари.

Томислав Јотовски во второто коло во сингл конкуренцијата како осми носител загуби од квалификантот Габриел Пети со 2:1 по сетови 0:6, 6:4 и 4:6.

На самиот старт од главното натпреварување нашиот учесник забележа победа над квалификантот од Италија, Лука Томасето со 6:1, 1:6 и 7:5.