Јашари со сребрен медал на Африканскиот џудо куп за кадети во Тунис

Уште едно финале и медал за македонското џудо…

Хамза Јашари од Џудо Клубот Миоки освои сребрен медал на Континенталниот Кадетски Куп во Тунис, односно ова е прв медал на африканскиот континент.

Во категоријата до 66. килограми, во финалето Јашари беше совладан од претставникот на Азербејџан, Вугар Талибов.

Со бронза се закитија Умалт Демирел (Турција) и Паул Онофреи (Романија), на делба на петтото односно седмото место се најдоа Абделкарим Белхуари (Алжир), Азиз Харби (Тунис), Ордухан Мамадов (Азербејџан) и Мангирдас Матиукас (Литванија).

Да додадеме уште дека нашата земја освои уште еден медал, во женска конкуренција Берна Шерифовска се закити со бронза. Тоа е првиот медал за Македонија на континенталните купови во јуниорска конкуренција.

На овој настан имаше вкупно 169 натпреарувачи (98 во машка и 71 во женска конкуренција) од 18. земји.