Изнер го изненади Дел Потро и се пласираше во финалето во Мајами!

Џон Изнер го изненади фаворизираниот Хуан-Мартин Дел Потро и се пласираше во големото финале.

Американецот го елиминираше Аргентинецот и по четврти пат во својата кариера ќе игра за титулата на Мастерс турнирите, а за прв пат во Мајами (САД).

За својот прв трофеј на овој Мастерс, американскиот тенисер ќе игра со подобриот од вториот полуфинале дуел помеѓу Пабло Карењо Буста (Шпанија) и Александр Зверев (Германија).

Да додадеме уште дека за трофејот во женска конкуренција на истото натпреварување ќе играат 12. носителка Слоан Стивенс (САД) против Јелена Остапенко од Летонија (5. носителка).