Ивановски второпласиран на трката од 6000 метри во Белград

Македонскиот атлетичар настапи на 51. „Бели крос“ кој што беше одржан во Белград (Србија).

Дарио Ивановски на трката од 6.000 илјади метри го освои второто место со време од 18:44,1 мин., зад најдобриот Јан Кокаљ (Словенија) со резултат 18:39,6 мин, а трет заврши Унгарецот Ласло Грегор (18:54,5 мин.)

Во женска конкуренција на трката од 3.000 илјади метри првопласирана беше Србинката Амела Терзиќ (10:16,6 мин.), пред репрезентативката на Босна и Херцеговина Лусија Кимани (10:42 мин.) и Теодора Симовиќ исто така од Србија (10:50,5 мин.)