Ивановски по втор пат победник на Белградскиот полумаратон

Македонскиот атлетичар повторно блескаше на Белградскиот полумаратон…

Дарио Ивановски, кој е член на атлетскиот клуб Работнички, триумфираше со одлично време од 1:08.03 ч. (рекорд на патеката) што воедно неофицијално претставува и македонски рекорд.

Второто место на трката го освои српскиот натпреварувал Милош Сегеди (1:12.33), а уште еден Македонец се најде на победничкиот пиедестал, Милош Ранчиќ како трет (1:12.41). Во женскиот полумаратон славеше Хрватката Матеја Матошевиќ.

Во маратонската и полумаратонската трка учествуваа 7.300 натпреварувачи од 72. држави. Да додадеме уште дека на маратонот триумфираше српскиот атлетичар Кристијан Стошиќ, како и неговата сонародничка Нора Тркља во женска конкуренција.