Историски успех за македонската гимнастика! (ВИДЕО)

Како што известуваат од Федерацијата на гимнастичките спортови на Македонија остварен е историски успех на македонската гимнастика.

На меѓународниот турнир во Норвешка „Аскер Куп 2018“, во една многу силна конкуренција нашата репрезентативка Рејчел Стојанов го освои 5-то место на топка и 6-то место на хулахоп.

Федерцијата и го честита овој успех и на нејзината тренерка Нешка Робева, и воедно се надеваат на квалификацискиот натпревар во Москва (Русија) наредниот месец.

За прв пат Македонската Гимнастика избори пласман на олимписките игри во Аргентина, а претходно Стојанов ќе учествува уште на неколку меѓународни турнири со цел да ја добие потребната форма.