Историја: Ледецка од Чешка со златен медал во два различна спортови!

Чешката натпреварувачка стана првата спортистка која на Зимски олимписки игри освоила златни медали во два различни спортови.

Естер Ледецка откако сензационално славеше во алпско скијање во супервелеслаломската трка, таа успеа да се закити со уште едно злато, односно во сноуборд.

Беше најдобра во паралелен сноуборд велеслалом и така ја оправда фаворитската улога. „Се натпреварував со голема самодоверба, уживав во трката и се забавував“, рече Ледецка после големата победа.

Во сноуборд на второто место заврши Германката Селина Јоерг, додека на третата позиција се најде нејзината сонародничка Рамона Терезија Хофмајстер.