Ислами и Ивановски најдобри атлетичари за 2017 година

Прогласени се најуспешните во македонскиот атлетски спорт за 2017. година во машка и женска конкуреција, како и тренери, стручни лица, соборувачи на рекорди, придонесители во атлетиката.

Добитници на највисоките награди:

Најдобри во категорија СЕНИОРИ-КИ:

Дрита Ислами 1996 год клуб: Работнички

Дарио Ивановски 1997 год клуб: Работнички

Најдобри во категорија МЛАДИНЦИ-КИ:

Мартина Мироска 1998 год. клуб: Охрид

Никола Стојановиќ 1998 год. клуб: Куманово

Најдобри во категорија МЛАДИ МЛАДИНЦИ-КИ:

Јана Митовска 2001 год клуб: Работнички

Милан Вељковиќ 2000 год клуб: Куманово

Најдобри во категорија ПИОНЕРИ-КИ:

Марго Бојаџиева 2002 год клуб: Академик Џамбазовски

Беркан Емини 2002 год клуб: Лириа

Најдобри во категорија МЛАДИ ПИОНЕРИ:

Ирма Хајдари 2004 год клуб: Лириа

Владимир Битољану 2005 год клуб: Пролет

Најуспешен тренер поединечно: Александра Војнеска Зикова АК Работнички

Најуспешен тренер екипно: Филип Колевски АК Куманово

За особен придонес (поставување на нов државен рекорд )

Пионери/ки:

1. Беркан Емини Лириа

800м 2:01.68 Куп на Македонија Сениори

Претходна сопственост на Зоран Доневски и Дане Јакимовски од 1980 и 1997 година.

600м 1:27.17 Светски ден на Атлетика

Претходна сопственост на Зоран Доневски од 1980 година.

Млади Младинци/ки :

Милан Вељковиќ Куманово

110м пр. 15.06 Куп на Македонија Сениори

Претходна споственост на Роберт Ќосев од 1989 година

Сениори/ки :

Дарио Ивановски Работнички
3000м 8:28.59 Митинг Белград (сала)

Претходна сопственост на Трпе Мартиновски од 1994 година.

3000м 8:17.92 Голема награда на Србија ГП

Претходна сопственост на Јонуз Јонузи и Кирце Михајлов од 1979 година.

10KM 30:55 Скопје ран 10 КМ

Ново поставен не е воден досега.

Марија Стојановска Делта
3000м стипл 12:09.82 Европско тимско првенство

Претходна сопственост на Александра Митроска од 2010 година .

Дрита Ислами Работнички
400м пр. 59.33 НП за Сениори

Предходно исто во нејзина сопственост од 2016 година.

Андријана Поп Арсова Делта

Полумаратон 1:24.34 Полумаратон Подгорица

Претходна сопственост на Милена Чкрипеска од 2015 година.

Маратон 3:07.34 Маратон Загреб

Претходна сопственост на Весна Кираџиева од 2015 година.

Фото: afm.org.mk