Игнатов со трето место на 50 Илинденски Кајак слалом ИКАС! (ФОТО)

На 50. издание на Илинденскиот кајак слалом што традиционално се одржува на патеката Матка во Скопје…

Во натпреварите од кајак (К1) првото место го освои натпреварувачот од Словенија, Вид Острбеник (115.57).

На втората позиција се најде српскиот претставник Павле Ѓорѓевиќ (118.90), а како трет заврши Христијан Игнатов од Македонија (Кајак Клуб Бабуна – Велес) 121.17.

Игнатов воедно се натпреваруваше во поединечна конкуренција (Ц1) каде што беше четвртопласиран, зад водечкото трио Панагиотис Зисекас (Грција), Горан Јовановиќ (Србија) и Лука Зубчиќ (Хрватска).

Да додадеме уште дека во женска конкуренција триумфираше Кристина Петровиќ (Србија, 152.99), пред Лиса Маенпа (Финска, 157.67) и Наја Пинтерич (Словенија, 172.46).

Освен од Македонија, на „ИКАС 2018“ имаше учесници уште од Грција, Србија, Хрватска, Финска, Словенија, Унгарија, Литванија и Норвешка.

Фото: facebook.com/hristijan.ignatov