Идризи со бронзен медал на турнирот „Златен појас 2018“ во Чачак

Во саботата на 22.04.2018 во Чачак, Србија се одржа најстариот карате турнир, 47 по ред „Златен појас 2018″ каде што учествуваа над 1000 спортисти од 23 земји.

Како дел од Карате Клубот Макпетрол учествуваше и македонскиот натпреварувач Абдурахим Идризи кој после три победи и еден пораз преку репасаж стигна до бронзен медал.

Според тренерот Бошко Заборски тој направил одлични и атрактивни борби и е во добра форма.