Иако со подобар ранг, прв пораз за македонските тенисерки во ФЕД купот

Македонската женска Фед Куп тениска репрезентација (ранг 75) денеска со пораз ги започна натпреварите во Гамарт (Тунис)…

Во рамките од Третата Евро Африканска зона составот предводен од селекторот и капитен Димитар Лабудовиќ загуби на првиот ден од Ерменија (ранг 90) со резултат 0:3.

На првиот меч (кој траеше скоко два часа), Марија Еленова претрпе пораз со 1:2 по сетови 6:3, 2:6 и 1:6 од Ана Мовсисјан.

Потоа, на вториот дуел исто така во сингл за скоро еден час игра Катарина Маринковиќ загуби со 1:6 и 3:6 од Ани Амирахјан.

И на последната трета пресметка во двојки Марија Еленова и Катарина Маринковиќ загубија од Марина Давтјан и Ана Мовсисјан (4:6, 1:6).

Нашата селекција се наоѓа во групата А каде што покрај Ерменија, се наоѓаат уште селекциите на Литванија (ранг 65) и Исланд (103).