ИААФ ги објави кандидатите за најдобар атлетичар на годината

Меѓународната атлетска федерација (ИААФ) ја објави листата на кандидати за најдобар атлетичар на годината, помеѓу кои го нема шесткратниот победник Усеин Болт.

Да потсетиме, Болт од Јамајка кој е единствениот спринтер на трките 100 (9,58 секунди) и 200 метри (19,19 секунди) каде што освоил три по ред олимписки златни медали, ја заврши кариерата минатиот месец, после Светското првенство во Лондон.

Во отсуство на најбрзиот човек на светот, за наградата најдобар атлетичар во 2017. година конкурираат Мутаз Еса Баршим (скок во височина), Павел Фајдек (кладиво), Мо Фарах (5.000 и 10.000 метри), Сем Кендрикс (скок со стап), Илајџа Манангои (1.500 метри), Луво Манјонга (скок во далечина), Омар Маклеод (110 метри со пречки), Кристијан Тејлор (трискок), Вејд ван Никерк (400 метри) и Јоханес Фетер (фрлање копје).

Во женска конкуренција за најдобра атлетичарка оваа година се номинирани: Алмаз Ајана (5.000 и 10.000 метри), Анита Влодарчик (кладиво), Бритни Рис (скок во далечина), Марија Ласикене (скок во височина), Хелен Обири (5.000), Сали Пирсон (110 метри со пречки), Сандра Перковиќ (диск), Кастер Семенја (800 метри), Екатерини Стефаниди (скок со стап) и Нафисату Тијам (седмобој).