Хва Ранг-Итф од Охрид со голем број на медали од таеквондо турнирот во БиХ!

Македонскиот таеквондо клуб „Хва ранг-ИТФ“ Лескоец-Охрид освои голем број на медали на меѓународниот ИТФ турнир „ДОБОЈ ОПЕН 2017“ во Добој, Босна и Херцеговина.

Традиционално станува збор за еден од најсилните турнири за оваа есенска натпреварувачка сезона на балканските простори.

Учество на натпреварувањето зедоа 292 натпреварувачи од 29 клубови: Австрија, Словенија, Хрватска, Србија, Македонија и Босна и Херцеговина.

Натпреварувањето се одвиваше во следните дисциплини: тул, спаринг, специјални техники и тест сили.

„Хва ранг Итф“ освои 20 медали на овој турнир (шест златни, по седум сребрени и бронзени медали).