Хрватска, футсал: Уште на стартот од сезоната „гази“ македонското дуо Леовски-Мицевски! (ФОТО)

Да потсетиме, уште еден Македонец дојде во редовите на хрватскиот футсал клуб, МНК Сквер (Дубровник), тоа е 23-годишниот Игор Леовски.

Тој уште на првиот натпревар од новата сезона во првенството на Хрватска постигна два голови во стартниот триумф на домашен терен против Успињача со резултат 6:3 (1:2).

Практично го постигна првиот гол (1:0) на мечот уште во првата минута, а вториот го имаше во 39. минута за 5:3.

Заедно со неговиот сонародник Адријан Мицевски беа најзаслужни за првите освоени бодови сезонава. Мицевски постигна исто така два голови во 39. минута за 4:3 и 6:3.