Холанѓанките со бронзениот медал на Мундијалот

Женската репрезентација на Холандија го освои бронзениот медал на Светското првенство во Германија.

„Лалињата“ во натпреварот за третото место беа подобри од селекцијата на Шведска со конечен резултат 24:21.

Во поголемиот дел од мечот Холанѓанките доминираа што сведочи и резултатот после првото полувреме во нивна корист (14:8).

Најзаслужна за триумфот беше Абинг со осум голови, следена од Полман со пет, додека на спротивната страна Гулден седум пати се запиша во листата на стрелците.

Денеска од 17:30 часот ќе се игра големото финале помеѓу актуелниот светски шампион Норвешка и Франција во чии редови настапуваат Вардарките Амандин Лејно и Александра Лакрабер.